Научници создадоа човечко млеко

- Advertisement -

Доењето може да биде комплицирано за многу жени. Но, Американската академија на педијатри препорачува децата исклучиво да се дојат во првите шест месеци. Тоа е полесно отколку што изгледа затоа што доењето предизвикува болка, неудобност, а многу жени немаат ни доволно млеко за своите бебиња. што дополнително ги комплицира работите.

Жените кои не можт да дојат користат или вештачка формула или кравјо млеко. Сепак, тоа млеко не ги содржи антителата кои ги има во мајчи ното млеко и исто така предизвикува многу повеќе гасови кај новороденчињата.

- Advertisement -

Компанијата BIOMILQ минатиот месец објави дека го произвеле првото човечко млеко надвор од дојките, што е поздрава, поеколошка алтернатива за другите формули за млеко.

Како што велат од BIOMILQ, човечкото млеко има многу сложен состав и структура, поради што било невозможно да се реплицира надвор од телото на мајката. Но, BIOMILQ успеале да го рекреираат тоа млеко за само 11 месеци. Компанијата имала поддршка од милијардерот филантроп Бил Гејтс, кој успеал да собере 3,5 милиони долари во серијата А од Breakthrough Energy Ventures, односно неговата компанија која се фокусира на климатските промени.

- Advertisement -

Соосновачот и извршен директор на BIOMILQ, Мишел Егер и соосновачот Лејла Стрикленд сега се надеваат дека новото мајчино млеко ќе помогне да се намали карбонскиот отпечаток кој го остава индустријата за производство на формули за млеко.

Стрикленд објасни дека успеале да ја усовршат сложеноста на мајчиното мелко со реплицирање на сложената врска меѓу клетките кои го произведуваат и условите на кои се изложени во телото за време на лактацијата. Компанијата гарантира дека нивниот производ го има соодветниот износ на протеини, сложени јаглехидрати, масни киселини и другите биоактивни липиди кои се присутни во мајчиното млеко. Како резултат на тоа, новиот производ на BIOMILQ содржи голем процент од протеините од мајчиното млеко кои не само што ги хранат туку и ги штита децата.

- Advertisement -

Притоа, потенцираат дека ова мелко не е идентична замена за мајчиното, но не содри токсини, алергени и некои лекови кои се среќаваат во формулите за млеко, како и дека нивната крајна цел не е за до заменат мајчиното млеко.

(Interesting Engineering)

(фото: Biomilq)

Сподели!
- Advertisement -