Ако имате проблем со прекумерната тежина и веќе сте ги испробале сите можни решенија, можеби вистинското решение за вас е дентален имплант кој се вика забна брава затоа што ќе ве спречува да ја отворате устата и да јадете што било освен течна храна.
Течната диета е една од методите кои ги препорачуваат докторите ширум светот затоа што можете да јадете се што може да се изблендира бидејќи таквата храна побрзо поминува низ организмот не придонесува за покачување на телесната тежина. Освен тоа, ако се држите до препорачаните течни храни со диетални состојки, резултатите може да бидат драстично подобри.
Но, бидејќи не сите се придржуваат до правилата, тука на помош доаѓаат научниците од Универзитетот Отаго. Тие направија и тестираа дентален уред кој провремено се прицврстува за забите и оневозможува отворање на устата повеќе од 2 милиметри со користење на магнети и специјално дизајнирана „брава“.
Истражувачите велат дека оваа направа со средновековен изглед која стоматологот ја фиксира на првите катници со ортодонтси цемент не го органичува дишењето ниту говорот, но ги држи луѓето на течна исхрана.
Научниците за тестирање на забната „брава“ пронашле сдуммина луѓе со прекумерна телесна тежина и им го дале уредот на користење во период од две недели. Во текот на тој период јаделе само комерцијално достапна течна диета која овозможува внесување на 1.200 килокалории дневно. На тој начин тие ја намалиле тежината за 6,34 кг.
Во студијата објавена во списанието British Dental Journal научниците велат дека на уредот поставле и безбедносен механизам кој им овозможува на луѓето да ја отклучат бравата со посебен клуч, но ниту еден од учесниците во испитувањето не ја отворил бравата, иако некои од нив мамеле и јаделе стопена чоколада и газирани пијалаци.
(Vidi.hr)
(фото: Piqsels)