Амазонија во пламен – има најмногу пожари во последните 14 години

- Advertisement -

Бразил забележа најмногу пожари во амазонските прашуми за месец јуни годинава во последните 14 години, покажуваат владините податоци, а стравуваат дека екстремната суша во многу делови од регионот ќе предизвика уште повеќе пожари наредните месеци.

Националната вселенска истражувачка агенција забележала 2.308 жаришта во јуни во Амазонија, што е 2,7% повеќе отколку во јуни минатата година, кога пожарите достигнаа највисокот ниво во последните 13 години. Бројот на пожари во јуни е само дел од она што може да се види на врвот од сезоната во септември, па климатските активисти стравуваат дека за некој месец ќе биде уште полошо.

- Advertisement -

Научниците предупредуваат дека сушата во амазонските прашуми и мочуриштата на Пантанала може да предизвика уште полоша сезона на пожари. Хидроелектраните во целата земја сега имаат најмал доток на вода по последните неколку децении поради големите суши, велат од Министерството за енергетика на Бразил.

Пожарите во Амазонија најголем дел се предизвикани од луѓе, а природните пожари се многу ретки. Проивзаконски се сечеле вредни дрвја и се палел оган за да се исчисти просторот за стока. Сушата ги зголемува изгледите дека пожарите ќе излезат од контрола.

- Advertisement -

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро забрани на 120 дена палење на оган на отворено со мерки на претпазливост и ја распореди војската да го заштити регионот од пожари и сечење на шумите.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Escola Digital)

Сподели!
- Advertisement -