- Advertisement -
Министерството за здравство информира дека почнувајќи од понеделник, 5 јули, ќе започне вакцинација против ковид-19 на вработените во основните и во средните училишта во државава.
„Овој процес на имунизација на наставниот и на ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура, го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година. Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо образовните институции“, соопштија од ова министерство.
- Advertisement -
(Meta.mk)
(фото: Freepik)
- Advertisement -