Светската здравствена организација вчера препорача дека тестови за КОВИД-19 треба да се направат во училиштата дури и во случај кога немало детектирано ниеден позитивен случај, со цел да се избегне затворање училиштата.
Тестирањето во училиштата претходно беше препорачано само ако беа детектирани кластер од позитивни случаи на КОВИД-19, но од СЗО сега веруваат дека PCR или брзо антигенски тестови треба да бидат направени дури и кога нема никакви симптоми помеѓу учениците и вработените.
„Летните месеци им отвораат простор на владите да воведат низа мерки со цел да се држи стапката на заразување ниска и да се избегне затворање на учиилиштата“ изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Тој додаде и дека затворањето на училиштата има штетни ефекти врз едукацијата на децата, врз нивното социјално и ментално здравје.
„Не смееме да дозволиме пандемијата на децата да им го одземе образованието и нивниот нормален развој“ додаде Клуге, кој постојано ги повикува земјите -членки на СЗО од европскиот регион да се позанимаваат со стапката на отпишување од училиште и ефектите на учењето од дома врз здравјето на децата.
Во Европскиот регион на СЗО има 53 земји и територии, вклучувајќи и неколку од Централна Азија.
(Medical Express)
(фото: Etsy)