Македонската екипа оствари огромен успех со освојувањето на четири медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада 2021, информираат од Сојузот на математичари на Македонија. Нашите млади математичари освоија еден златен, еден сребрен и две бронзени медали.
Дамјан Давков го освои златниот медал, Алексиј Тасиќ се стекна со сребрен медал, додека бронзените медали ги освоија Бранко Јангеловски и Леонид Тодороски. На олимпијадата чиј домаќин беше Кишињев, Молдавија, успешно учествуваа и Миша Веселински и Михаела Смилевска.
Нашата екипа се натпреваруваше виртуелно во просториите на Институтот за математика, при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„На натпреварувачите им честитаме за постигнатиот успех на овој меѓународен натпревар“, велат од Сојузот на математичари на Македонија, кои се организатори на учеството на младите таленти на оваа балканска олимпијада.
(Meta.mk)
(фото: Meta.mk)