Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, го напушти тронот на Амазон, една од најуспешните компании во светот, и тој се „пензионира“ со богатство скоро милион пати поголемо од просечниот Американец.
Џеф Безос се пензионира на 57-годишна возраст со 197 милијарди долари, но останува извршен претседател и најголем акционер на компанијата.
Најавата за овој потег кој се случува во третиот квартал од годината дојде многу порано, што многу аналитичари го поврзуваат со разговорите со незадоволните работници, нешто што ќе остане во „наследство“ на неговиот наследник Енди Џеси. Безос планира да се занимава со филантропија, со весникот Вашингтон Пост, како и со свемирски натпреварувања со Илон Маск, но не се откажува од клучната улога во секторите за технологија и е-продажба во компанијата која ја започна буквално од гаража пред 27 години.
Соработниците го слават како голем иноватор на подрачјето на продажба на книги, онлајн малопродажба, куќна достава и работа во клауд, но од друга страна е сатанизиран заради односот кон вработените и одредено бизнис однесување кое ја уништува конкуренцијата.
Светскот гигант за онлајн малопродажба забележа раст на профитот во време на пандемија, но и критика за безбедносните мерки кои беа преземени за заштита на здравјето на работниците. Поради тоа судот во Франција нареди затворање на шест складишта на Амазон во оваа земја.
Амазон во САД вработува повеќе од 800.000 луѓе. Пазарната вредност на комопанијата изнесува повеќе од 1,7 милијарди американски долари. Молневитиот раст на компанијата го направи Безос еден од најбогатите луѓе на светот со проценето богатство од околу 200 милијарди долари.
(Dnevnik.hr)
Фото – Wikimedia