Вештачка интелигенција ги мери маснотиите околу срцето и го проценува ризикот од дијабетес

- Advertisement -

Насобирањето на маснотии околу срцето веќе долго се поврзува со кардиоваскуларни и метаболички болести. Високите нивоа на епикардијално масно ткиво кое го oпкружува срцето се поврзани со зголемен ризик од појава на дијабетес и коронарни срцеви болести, но досега не постоеше едноставен начин ефикасно да се измерат количините маснотии.

Досега единствениот начин беше користење на компјутерска томографија, но со оглед на тоа дека таквото снимање ги изложува пациентите на мали, но релевантни нивоа на јонизирачко зрачење, истражувачите поради етички причини не можеа да спроведуваат големи истражувања за нивоата на епикардијално масно тиково на цели популации и на големи бројки здрави доброволци.

- Advertisement -

Научници од Универзитетот на Кралицата Мери во Лондон веруваат дека пронашле многу подобар начин кој функционира во комбинација со скенирање со магнетна резонанца и вештачка интелигенција.

Вештачката интелигенција користи стандардни MRI скенирања на срцето за да ги мери наслагите околу срцето автоматски и многу брзо, за помалку од 3 секунди, вели водечката авторка на истражувањето, Захра Раиси Естабрах.

- Advertisement -

Захра и нејзините колеги тренираа неурална мрежа за откривање и мерење на масното ткиво околу срцето, а точноста на податоците се проценува со помош на неколку независни склопови на податоци. Истражувачите потврдија дека алатката навистина може точно да ја измери вкупната количина масно ткиво ео едноставно MRI снимање.

За да го демонтрираат клиничкиот потенцијал на алатката истражувачите погледале голема количина податоци на организацијата UK Biobank од над 40.000 луѓе. Алатката го мерела нивото на масно ткиво, а потоа ја проучувала научната врска меѓу масното ткиво и дијабетесот.

- Advertisement -

Вештачката интелигенција прецизно ги проценила ризиците кај пациентите за појава на дијабетес врз база на измерената количина масно ткиво околу срцето. Раиси-Естабрах напоменува дека тоа не значи дека алатката е добра за дијагностички тест за дијабетес, туку наместо тоа нуди увид во тоа како ефикасно може да се истражи поврзаноста меѓу болеста и нивото на масно ткиво.

Оваа алатка ќе може да ја користат идните истражувачи за да откријат повеќе маснотиите околу срцето и ризикот од болести, но потенцијално и како дел од идната стандардна грижа за пациенти во болниците“, додава Раиси-Естабрах.

Целиот научен труд е објавен во списанието Frontiers in Cardiovascular Medicine.

(Vidi.hr)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -