Класичните игри на цена. „Super Mario“ се продаде за 1,5 милиони долари

- Advertisement -

Аукциската куќа Heritage Auctions синоќа организираше аукција на која класичната игрица „Super Mario“ се продаде за дури 1.560.000 американски долари. Тоа е апсолутен рекорд, односно двојно поголем износ за кој минатата недела се продаде играта „The Legend of Zelda“. Играта „Супер Марио 64“ е од 1996 година на која за прв пат се користи 3Д.

„Тоа е првата игра некогаш продадена на аукција за повеќе од еден милион долари“, изјави за агенцијата „АФП“, Ерик Бредли, портпарол на аукциската куќа со седиште во Далас.

- Advertisement -

Во изминатиот период беа продадени неколку игрици по навистина високи цени:

  • јули 2020 – „Super Mario Bros.“ – 114.000 долари
  • ноември 2020 „Super Mario Bros.“ 3 – 156.000 долари
  • април 2021 – „Super Mario Bros.“ – 660.000 долари
  • јули 2021 – „The Legend of Zelda“ – 870.000 долари
  • јули 2021 – „Super Mario 64“ – 1.560.000 долари

Она што се примети на аукциите е дека не пораснаа само цените на игриците, туку и на „Pokémon“ картичките.

- Advertisement -

Фото – Piqsels

Сподели!
- Advertisement -