Милијардерот Ричард Бренсон успешно го направи својот прв вселенски туристички лет

- Advertisement -

Ричард Бренсон успеа – го исполни својот сон и го искуси своето прво вселенско патување. Се помина без проблеми. Тој и неговиот тим се запишаа во историјата како првиот туристички лет во вселената. Иако самиот престој во вселената во бестежиинска состојба траеше само 5 минути, тоа беше доволно за да се запишат во историјата.

Бренсон при враќањето на Земјата вклучи пренос во живо и иако звукот беше многу лош, насмевката на неговото лице зборуваше колку е задоволен со својот успех.

- Advertisement -

Нешто повеќе од еден час после полетувањето Бренсон и неговиот тим среќно се вратија на пистата на Spaceport America во Ново Мексико. Сите патници од летот ќе добијат значки за астронаути, односно астронаутски крила кои се доделуваат на луѓето кои ја поминале границата на вселената.

„Сонував за овој момент уште кога бев дете, но ништо не можеше да ме подготви за погледот кон Земјата и кон вселената. Како основач на компанијата Virgin, бев почестен што можев да го тестирам неверојатното корисничко искуство. Едвај ќекам да го споделам ова искуство со идните астронаути ширум светот“ изјави Бренсон после летот.

- Advertisement -

Бренсон им се заблагодари на пилотите, на Spaceport, на својата споруга, со која е во брак 45 години, на своите деца и внуците, на сите кои веруваа во Virgin Galactic и на сите кои напорно работеа во текот на 17 години за да го остварат овој успех.

„Нашата мисија е да го направиме космосот достапен за сите. Во таа смисла, и со денешниот успешен лет со VSS Unity, одушевен сум што можам да го најавам партнерството со Omaze и Space for Humanity за да можеме да ја инспирираме новата генерација на сонувачи. Сега сакаме астронаутите од иднината да се радуваат и да ги исполнуваат своите сништа“ додаде Бренсон.

- Advertisement -

Бренсон најави дека благодарение на соработката со хуманитарната организација, двајца луѓе кои инаку не можат да си дозволат патување во вселената ќе добијат прилика да полетаат со еден од идните комерцијални летови. А ако има доволно донатори, таквата програма може да продолжи и понатаму.

Илон Маск му честита за успешниот лет на Twitter. Честитки доби и од својот главен ривал, Џеф Безос, кој напиша дека се радува што ќе му се „приклучи на клубот“.

(Zimo)

(фото: Virgin Galactic)

Сподели!
- Advertisement -