ФЕИТ ќе соработува со Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО

- Advertisement -

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО потпишаа меморандум за соработка  со кој се предвидува заеденички да соработуваат во развојно-истражувачки проекти и при изработка на магистерски трудови, заеднички да работат на апликативни проекти, да имаат консултативни активности, студентска пракса и разни предавања, како и да има соработка на експерти и професионални тимови и  заеднички да организираат семинари и други настани.

Според деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски соработката претставува можност студентите да се стекнат со практично образование во уште една институција, односно двете институции да соработуваат на развој на многу проекти.

- Advertisement -

– Како Факултет продолжуваме со потпишување нови меморандуми кои ќе овозможат нови аспекти во студирањето на студентите и можности за професорскиот кадар. Ова е можност нашите студенти да научат како функционира пазарот на електрична енергија, како се дефинираат цени и други економски параметри. Ова е само прв чекор во нашата соработка, која се повеќе ќе се продлабочува, рече Ташковски по потпишување на меморанудмот за соработка.

Управителот на МЕМО, Симон Шутиноски рече дека е задоволен што ја започнуваат соработката со ФЕИТ.

- Advertisement -

– Како МЕМО ќе помогнеме при создавање и унапредување на идните кадри во областа на електро-енергетиката. Преку оваа соработка се отвора можност сите заинтересирани студенти на ФЕИТ да се стекнат со практично знаење и од прва рака, да се запознаат со функционирањето на пазарот на електрична енергија во земјава, а во блиска иднина и со берзата на електрична енергија, кои се во оперативна надлежност на МЕМО. Очекуваме зацврстување и продлабочување на меѓусебната соработка преку заеднички проекти од областа на електротехниката и информациските технологии, пред сè, развојно-истражувачки и други апликативни проекти кои ќе бидат од заеднички интерес и ќе придонесат за развој и унапредување на двете страни, истакна Шутиноски. вј/сп/

Сподели!
- Advertisement -