Илон Маск го претстави новиот автономен брод-дрон

- Advertisement -

Првиот човек на компанијата SpaceX, Илон Маск, на Twitter го претстави својот нов автономен брод-дрон. Бродот-дрон се вика A Shortfall of Gravitas или скратено ASOG, а во изминатиот петок беше направен и првиот тест. Ќе се користи за мисии на ракетата Falcon 9 и Falcon Heavy, кои ќе се лансираат од Вселенскиот центар Кенеди и од Вселенската станица Кејп Канаверал на Флорида.

За оние кои се прашуваат зошто SpaceX има потреба од три брод-дронови, одговорот е јасен. Амбициите во однос на распоредот на лансирање се се поголеми, така што ќе бидат потребни повеќе активности за „спасување“ на ракетите.

- Advertisement -

Во мисиите за лансирање на ракетата Falcon Heavy бродот-дронот мора да плови неколку стотина километри источно од Флорида. Патувањето вообичаено трае 6-8 дена, а понекогаш и подолог. Освен тоа, кога бродот ќе се врати на пристаниште, потребни се 1-3 дена за ракетата да се симне од бродот. Тоа значи дека бродот можеби нема да биде достапен за наредното лансирање, па потребен им е трет брод.

SpaceX продолжува да инвестира во ракети кои може да се користат повеќе пати, а тоа значи дека летовите во вселената стануваат се поевтини и поодржливи.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -