Ова е најдлабокиот базен за нуркање во светот

- Advertisement -

Најдлабокиот базен за нуркање во светот е отворен во Дубаи, а посетителите ќе можат да се спуштат на 60 метри длабочина до потонат град и да играат аркадни игри. Дубаи, туристичкиот и бизнис центар со пустинкси терен и висока температура во најголем дел од годината, е познат по екстравагантните атракции како затворени скијачки стази, големи водени паркови и највисоките згради во светот.

Базенот, кој е голем колку 6 олимписки базени, е потврден во Гинисовата книга на рекорди како најдлабок базен за нуркање во светот. Базенот е 15 метри подлабок од кој било друг базен во светот. Дизајниран е во форма на школка и воедно е најголемото подводно филмско студио во регионот.

- Advertisement -

Нуркачите се спуштаат до потонат град со свуци и осветлување. На патот надолу се наоѓаат две суви соби исполнети со воздух. Посетителите можат да избираат дали ќе нуркаат со боца или без неа.

(N1)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -