Со оглед на тоа дека нема толку набрзо да можеме да се шетаме слободно без маски, иновативните технолошки решенија како ова се се попотребни и почести. Во моменти како сега кога тешко се дише со маска поради високите температури, една компанија претстави преносен персонален прочистувач на воздухот. Меѓународен тим на дизајнери го претстави Air-Ring, преносен прочистувач на воздухот кој околу лицето на тој што го носи создава освежувачка атмосфера на прочистен воздух. Покрај тоа што овозможува чист воздух, Air-Ring не му смета на носителот и не му го покрива лицето.
Како што објаснуваат, воздухот влегува низ филтер сместен на задната страна на Air-Ring, поминува низ процес на прочистување во текот на кој се отстрануваат штетните честички, се стерилизира со UV зраци за да се отстранат патогените и вирусите и се испраќа во главна комора, каде што се отстрануваат и евентуалните мириси и алергени.
Свежиот воздух потоа се распрскува пред лицето на корисникот. Во зависност од избраната маска за лице, која се спојува преку систем на магнети, корисниците можат да го регулираат нивото на заштита – од стандардна провидна маска до целосно осигуран респиратор.
Од Air-Ring истакнуваат дека батеријата која се наоѓа во околувратникот треба да издржи цел ден. За жал, Air-Ring уште не е достапен за јавноста, Според информациите, во план е Kickstarter кампања која на поддржувачите треба да им осигура поповолен и ексклузивен пристап до првите примероци.
(Dnevnik.hr)