Во организација на Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување во соработка со Приштина РЕА, во состав на Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) денеска во Скопје ќе се одржи бизнис форум со компании од Косово.
На бизнис форумот ќе учествуваат сопственици од ИКТ секторот, дрвната индустрија и мебел. Бизнисмените од Косово ќе се запознаат со можностите за инвестирање во земјава, а ќе остварат средби и со македонските компании за соработка. Дополнително, компаниите од Косово ќе имаат можност да дознаат повеќе за можностите за инвестирање во државава.
-Бизнис форумот ќе им овозможи на компаниите да пронајдат деловни партнери од Косово, да ја прошират нивната деловна мрежа, да споделат искуства со меѓународни деловни контакти од Косово, да бидат во тек со трендовите на пазарот и да идентификуваат технолошки иновации, соопштија организаторите.