Првиот македонски SWATCH часовник ќе го дизајнира Зоран Кардула

- Advertisement -

Првиот Swatch со локализиран дизајн ќе биде изработен од страна на познатиот македонски дизајнер Зоран Кардула, на истиот ќе биде претставено дело креирано специјално за оваа намена.

„Часовниците ќе бидат достапни во лимитиран симболичен број од триесет парчиња и истите ќе бидат изложени во нашите салони. Со оглед на симболиката на целиот проект идејата е за истите да организираме донаторска аукција, а собраните средства ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, по избор на авторот кој покрај како дизајнер е познат и по својата хуманост,“ велат од Божиновски часовници и накит.

Сподели!
- Advertisement -