SpaceBok е првиот четириножен робот дизајниран за Марс

- Advertisement -

Сите роботи што слетале на Марс, вклучувајќи го и најновиот Perseverance, имаат една заедничка карактеристика, а тоа се тркалата. Меѓутоа, тоа ќе се смени во иднина. SpaceBok е четириножен робот кој го создадоа научниците од истражувачкито Универзитет ETH од Цирих и Институтот Макс Планк во Германија. Роботот првично беше наменет за мисија на Месечината и замислено е да оди по почвата на ист начин како и астронаутите од мисијата Apollo, меѓутоа концептот се менува и се прилагодува на Марс, каде што теренто е поинаков, а гравитацијата е посилна. Целта е роботот да биде што постабилен.

Тимот научнции тестираше различни решенија како стапала слични на копита, рамни и тркалезни стапала. Бидејќи истражувањата на Марс се базираат на кратери, роверот Perseverance слета на кратер на Марс затоа што се верува дека таму некогаш имало населена речна долина. Затоа научниците го тестираат SpaceBok на карпест терен за да се симулира површината на Марс.

- Advertisement -

Иако роботите со тркала се постабилни, поради што се користат за истражување на други светотви, овој робот со нозе има поголем потенцијал да дојде на локации инаку недостапни за роботите со тркала.

Хеликоптерот Ingenuity на НАСА има голем потенцијал за изтражување на Марс, но роботот со четири нози теоретски би овозможил подетално истражување на карпест терен и системи од пештери на Марс. Демонстрациите покажаа дека роботот се движи и се качува на терен сличен на тој на Марс, а притоа не паѓа.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -