Беспилотните возила мора добро да ја распознаваат околината за да возат безбедно, а тоа поттикна напредок во компјутерската технологија кој доведе до нови генерации автомобили. Тоа, пак, отвори нов пазар за производителите на автомобили.
Токму затоа извршниот директор на канадскиот производител на автомобили Daymak, Алдо Бајоки, развива нов автономен автомобил кој може да „рудари“ криптовалути додека е паркиран. Кога ќе се најде на пазарот во 2023 година овој автомобил ќе го одбележи почетокот на нова пресвртница во целата автомобилска индустрија.
Според податоци од Daymak, преднарачките за автомобилот надминале 350 милиони долари, а прифаќаат и криптовалути како кардано, етертеум и доџ. Извршниот директор Бајоки верува дека криптовалутите се визионерски пазар и кога нивниот автомобил Spiritus ќе се најде во продажба ќе бидат лидери на блокчеин револуцијата.
„Дотогаш сите ќе користат криптовалути и токму тоа го имаме предвид кога ги правиме оиве автомобили“ вели Бајоки.
(Interesting Engineering)
(фото: Daymak)