Кинези претставија воз за кој нема шини кои ќе ја издржат неговата брзина

- Advertisement -

Кина го претстави Маглев (кратенка од магнетна левитација), воз кој ги руши сите рекорди за брзина. Возот може да развие брзина од 600 км/ч, пренесоа државните медиуми.

Максималната брзина го прави возот, кој Кина сама го разви и го произведе во крајбрежниот град Чингдао, е најбрзото копнено возило во светот, наведуваат кинеските медиуми.

- Advertisement -

Возовите Маглев лебдат на кратко растојание од шините користејќи магнети кои создаваат подигање и потисок. Кина речиси две децении ја користи таа технологија, но многу ограничено. На пример, во Шангај има маглев воз кој поврзува еден аеродром со градот.

Засега во Кина нема меѓуградска линија со маглев воз, но некои градови како Шангај и Ченгду почнаа истражувања на технологијата.

- Advertisement -

Брзината од 600 км/ч треба на возот да му овозможи за само 2,5 часа да го помине растојанието од над 1.000 км меѓу Пекинг и Шангај. За споредба, тоа патување со авион трае 3 часа, а со воз со голема брзина трае 5,5 часа.

Возовите маглев се иднината и многу земји од Јапонија до Холандија планираат да изградат железнички мрежи маглев, што засега е тешко да се изведе поради скапата технологија и несоодветната постоечка инфраструктура.

- Advertisement -

(CRRC)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -