Откако ќе завршат првите две фази, во третата фаза ќе се конструира полигон долг најмалку 400 метри. Новиот бетонски автопат ќе ги полни возилата додека возат, овозможувајќи им да патуваат без да застануваат. Целта на проектот започнат од Одделот за транспорт во Индијана (INDOT), Универзитетот Пурдју и германскиот стартап Magment GmbH е развој на првиот бетонски пат во светот за безжично полнење.
Првите две фази ќе вклучуваат различни форми на испитување на тротоарот и истражувања за оптимизација на спроводливоста на електрична енергија. По завршувањето на овие фази, во третата фаза ќе се конструира полигон долг најмалку 400 метри. Тука, тимот ќе ја тестира способноста на бетонот за полнење тешки товарни возила.
Откако успешно ќе бидат завршени сите овие фази, технологијата ќе биде во функција и ќе служи за електрифицирање на одреден дел од автопатот во Индијана. Проектот започнува кон крајот на летото.
Ова не е прв проект со безжично полнење, но негов успех ќе донесе револуционерна технологија на патиштата.
Извор – Додај гас
Фото – Piqsels.com