Тим од научници од Институтот за технологија од Масачусетс уште во 1972 година предвиде дека човечкиот порив за економски раст по цена на околината и општеството ќе доведе до колапс на човечкото општество на средината на 2021 век.
Гаја Херинготн од глобалната мрежа на професионални компании кои нудат услуги на ревизија, советување и даночни услуги KPMG си даде задача да ја побие или да ја потврди студијата на МИТ. Во своето истражување користеле модел на симулација на светот кој го анализирал светскиот поредок од 1972 година до денес.
Херингтон посветила посебно внимание на 10 клучни променливи како што се популацијата, индустриското производство и постојаното загадување на околината. Нејзиното истражување открило дека нашиот менталитет „се по старо“ ќе предизвика пад на економскиот раст во текот на идните децении – од 2030 до 2040 година. Нејзините податоци, за разлика од тие на МИТ, покажале уште помрачна иднина, односно дека човечкото општество ќе доживее целосен колапс.
Тоа значи пад на квалитетот на животот, на производството на храна, на индустриското производство и на крај, на самата популација. МИТ своето предвидување го направи користејчи компјутерска програма позната на World1 и го анализираа периодот од 1900 до 2060 година. Податоците во таа симулација се прикажани во форма на линии на графикони на листови хартија. Во видеото од 1972 година човекот кој го направил симулаторот World1 ја покажува својата иновација на светот, односно растот на човештвото од 1900 до крајот на 20 век. Неговото предвидување ја покажало 2020 година како цивилизациска пресвртница за човештвото.
Херингтон го користела истиот симулатор, односно неговата трета генерација World3 и во новата симулација следела 10 клучни промелниви: популација, плодност, смртснот, индустриско производство, производство на храна, услуги, необновливи ресурси, постојано загадување на околината, добросостојба на човештвото и еколошкиот отпечаток. Таа открила дека најновите податоци се совпаѓаат со две специфични сценарија: „се по старо“ (business-as-usual, BAU2) и сеопфатна технологија (comprehensive technology, CT).
BAU2 и CT сценаријата покажуваат прекин на растот во период од една деценија. И двете сценарија укажуваат дека не е возможно да продолжиме да размислуваме по старо, односно да тежнееме кон континуиран раст. Студијата е објавена во научното списание Yale Journal of Industrial Ecology.
Херингтон додава дека ако се продолжи по старо, ќе дојде до колапс на огромниот технолошки развој и освојувањето на новите технологии. Херингтон укажува и на можно светло на крајот на тунелот во вид на технолошки напредок и поголеми инвестиции во јавни услуги, кои заедно би моеле да го сменат правецот во кој се движи човештвото од работ на амбисот до понатрамошен развој и напредок. Сепак, за да се смени правецот, човештвото ќе мора да вложи големи напори во текот на идната деценија.
(Daily Mail)
(фото: Pxfuel)