Персоналот на Олимписките игри ќе носи паметни уреди кои штитат од топлотни удари

- Advertisement -


Летата во Токио не само што се топли, туку се исклучително влажни. Заедно тие два фактори се совршен рецепт за топлотен удар. Според The Guardian, загрижени дека може да дојде до таков проблем на Олимипските игри во Токио, организаторите на настанот побараа од Alibaba да дизајнира решение базирано во облак кое ја следи температурата на телото и срцевиот ритам.

Така, персоналот на Олимписките игри ќе носат паметни уреди во увото кои ги следат нивните параметри и ја следат временската состојба. Сето тоа ќе се надгледува преку стресметри поставени на терените. Податоците потоа се испраќаат до технологија во облак, која го проценува ризикот од топлотен удар во реално време за секој поединец. Тие кои се во поголема опасност од „прегревање“ ќе добијат предупредување на своите телефони, заедно со препораки за превентивни мерки, како што е пиење повеќе вода што е можно побрзо.

- Advertisement -

Во 2020 година Токио пројави дури 200 случаи на смрт поради топлотен удар, па затоа натпреварувачите и персоналот мора да бидат спремни да најжешките Олимписки игри досега. Ситуацијата во градот со високите температури и влажноста на воздухот може да биде толку сериозна што во 1964 година Олимписките игри морале да бидат преместени од летото во октомври истата година. Бидејќи тоа не е случај сега затоа што Олимписките игри почнуваат денес, мора да се преземаат превентивни мерки како што се паметните уреди на Alibaba.

(Engadget)

- Advertisement -

(фото: Tokyo Olympic Games)

Сподели!
- Advertisement -