Спијте опкружени со вулкани за само 1 евро за ноќ

- Advertisement -

Шансата да преспиете на вулкански карпи не е нешто што многумина ќе го искусат во текот на својот живот. Благодарение на платформите Volvic и Airbnb сега имате прилика сите кои сакате да спиете во сенка на најпознатите француски вулкани. Ако некој сака да го резервира тоа многу уникатно престојувалиште, тоа ќе го чини само 1 евро за ноќ, плус даноци.

Chaîne des Puys е синџир од 80 вулкани сместен во централна Франција. Со последната позната ерупција на тоа подрачје, која се случила пред повеќе од 6.000 години, ова подрачје на пилци, куполи од лава и кратери сега е на листата на УНЕСКО за светско наследство затоа што има бројни шуми и преубави езера.

- Advertisement -

Самата куќа е уникатен концепт кој комбинира отворен и затворен простор. Најспектакуларно е тоа што има кружни ѕидови високи речиси 5 метри со панорамски поглед на Chaine des Puys.

Во рамки на престојот гостите ќе посетуваат различни локации за да дознаат повеќе за биодиверзитетот на тоа подрачје, а ќе можат и да одат на часови утринска јога на изгрејсонце, како и да вечераат во ресторанот Origines, кој има 1 Мишелин ѕвезда. Во случај да сакате уште подобар поглед на вулканскиот пејзаж, можете да се возите и со балон.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Airbnb)

Сподели!
- Advertisement -