15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Нови цени на горивата

Kabtel desktop

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 % во однос на Одлуката од 19.7.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,880 ден/кг.

Од 27.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           71,00   (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            73,00   (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      60,00   (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             62,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      36,880  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат  намалување: бензинот за 4,152 %, дизелот за 4,259 %, екстра лесното масло за 4,631 % и кај мазутот намалувањето е за 4,31%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,365%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.7.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 19.7.2021) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •