Пад на цените на нафтата

- Advertisement -

Цените на нафтата паднаа на почетокот на неделава на меѓународните пазари под 74 американски долари, поради загриженоста за побарувачката во услови на ширење на Ковид-19 и промените во законите за увоз во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барелот ослабе за 35 центи во споредба со претходното затворање и изнесуваше 73,75 долари. На американскиот пазар падна 44 центи и се тргуваше по 71,63 долари за барел.

- Advertisement -

Во раната трговија, цените на барелот на двата пазари изгубија повеќе од еден долар.

Бројот на случаи на коронавирус продолжи да расте за време на викендот, а некои земји кои потврдија рекордни дневни стапки на раст и ги проширија рестриктивните мерки кои ја забавија побарувачката на нафта. Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот, исто така, бележи пораст на нови случаи на Ковид-19.

- Advertisement -

Покрај тоа, мерките на Пекинг за спречување на злоупотреба на увозни квоти, комбинирани со притисок од високите цени на сурова нафта, може да го забават кинескиот раст кој е со најголема стапка во последните две децении.

Силната побарувачка од САД и очекувања за тесно снабдување помогнаа цените на двата пазари да закрепнат по падот од седум проценти минатиот понеделник и минатата недела да ги остварат своите први добивки во последните две до три недели.

- Advertisement -

Глобалните пазари на нафта се очекува да останат дефицитарни, и покрај одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници да го зголемат производството во остатокот од годината.

ОПЕК на својата веб-страница денес објави дека цената на барел од референтната корпа на нејзините членки во петокот е 73,03 американски долари, што значи дека порасна за 94 центи од претходниот работен ден.

Фото – Pxfuel.com

Сподели!
- Advertisement -