Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 % во однос на Одлуката од 19.7.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,880 ден/кг.
Од 27.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,880 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 4,152 %, дизелот за 4,259 %, екстра лесното масло за 4,631 % и кај мазутот намалувањето е за 4,31%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,365%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.7.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 19.7.2021) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.