ЕУ ќе засади 3 милијарди дрвја до 2030 година

- Advertisement -

Европската унија усвои нова стратегија за шуми за 2030 година која ги дефинира плановите за заштита на старите шуми и садење на нови 3 милијарди дрвја во текот на оваа деценија.

Новата стратегија беше усвоена минатата недела и ја презентираше литванскиот комесар во ЕУ, Виргинијус Сиркевициус, кој е задолжен за животна средина, океани и рибарство. Оваа стратегија е дел од т.н. European Green Deal. Стратегијата има за цел да го подобри квалитетот и квантитетот на европски шуми и детални ги дефинира чекорите кои треба да се преземат за да се засадат 3 милијарди дрвја.

- Advertisement -

Шумите се клучен дел од решението за борба против климатските промени и губењето на биодиверзитетот. Како што велат од ЕУ, садењето на 3 милијарди дрвја до 2030 година ќе: ги зголеми површините под шуми во ЕУ, ќе ја зголеми отпорноста на шумите и нивната улога во заштитата на биодиверзитетот, како и ќе ни помогне да се адаптираме на климатските промени.

Се проценува дека во ЕУ од 2010 до 2015 година годишно растеле по 300 милиони дрвја. Целта со новата стратегија е да се дуплира таа бројка и да се достигнат 600 милиони нови дрвја годишно.

- Advertisement -

Како што истакна Сиркевициус, главниот принцип на стратегијата е дека шумите играат битна улога во имплементацијата на целит на ЕУ за климатските промени. „Ако немаме шумски екосистем со добар квалитет, не можеме да очекуваме дека ќе ги спроведеме активностите поврзани со скалдирањето на CO2″ изјави Сиркевициус.

Планирано е заштитата на старите европски шуми да биде имплементирана до крајот на годината. Платформата треба да биде онлајн најрано во октомври, а ќе ги идентификува териториите каде што треба да се посадат дрвја. Јавните организации, институциите и другите организации ќе можат да се вклучат во проектот.

- Advertisement -

Некои делови од стратегијата ќе останат како препораки за земјите-членки затоа што не може да се применат универзално на сите 27 земји-членки, но некои одредби како што е заштитата на старите шуми ќе бидат задолжителни.

Трите милијарди дрвја ќе мора да се засадат и да се одгледуваат во целосна согласност со еколошките принципи. Тоа значи дека соодветните дрвја треба да се посадат на соодветно место и со вистинак цел, а за тоа ќе биде потребно долгорочно планирање и мониторинг.

(Europa.eu)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -