Владата го одобри третиот пакет проекти за 34 општини од програмата ТАВ

- Advertisement -

Владата на денешната тематска седница за третата група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ, го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ, информира владината Прес-служба.

– Третиот пакет опфаќа 34 општини на кои им се одобрени проектите со кои тие аплицираа за оваа програма и со кои се опфатени изведби на инфраструктурни зафати од непосреден интерес на граѓаните од опфатените општини со овој пакет и со нив се заокружува реализацијата на програмата ТАВ, се наведува во соопштението.

- Advertisement -

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со изведба на проектот – Инвестиција во подобрување на Терминал на Аеродром Скопје и Инвестиција во модернизација и проширување на Терминал на Аеродром Охрид, од Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје и го усвои текстот на Договорот.

– Овој договор произлегува од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за склучување на Анекс на договорот за концесија за промена на намена на дел од средствата кои концесионерот на двата аеродроми ТАВ ги имаше предвидено за изградба на карго аеродром во близината на Штип, се додава во соопштението од владината седница.

Сподели!
- Advertisement -