Преку работилници и печатена и дигитална промоција до поголем квалитет на туристичката понуда во земјава

- Advertisement -

Неделава се одржуваат пет едукативни работилници за туристичките чинители во Република Северна Македонија чија што основна цел е да се зголеми нивото на едуцираност на туристичките работници во земјава што ќе резултира со поквалитетна туристичка понуда и зголемен број на туристи во земјава.

 

Ова беше потенцирано на денешната прес-конференција по повод одржувањето на работилниците од проектот „Сеопфатна промоција и едукација на туристичките чинители како и поставување на платформа преку онлајн, и печатен медиум за презентирање на туристичките потенцијали на нашата земја“ е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)  финансиран од ЕУ, админстриран од Светска Банка, а е во реализација на Џебен водич, Скопје (In your pocket).

- Advertisement -

 

„Во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност поддржавме 50-тина проекти и еден од нив е проектот на Џебен водич кој што произлезе од двата проблеми кои ги идентификувавме во македонската туристичка понуда: недоволна едукација на чинителите во оваа дејност и недоволната промоција на туристичаката понуда. Веруваме дека со овој проект ќе се надминат овие ограничувања“, изјави Г-ѓа Антонија Шишак, директор на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) .

- Advertisement -

Во тек е втората од вкупно пет специјално дизајнирани работилници што се одржуваат ширум земјава  за едукација на сите туристичките чинители и институции со цел да се подобрат нивните услуги и производи. Работилниците се базирани на основа на практични примери и реални сознанија за потребите на современиот турист со цел да се зголемат вештините и конкурентноста на чинителите во туризмот како што се хотели, ресторани, музеи, општини и други. Вториот сегмент на нашиот проект со цел  подобрување ограничениот онлајн маркетинг и комуникации за туристичка промоција во нашата земја, го таргетираме веб страница, Фејсбук и Инстаграм профил а во тек е изработката на професионален печатен водич “The best of North Macedonia” во 15.000 примероци. На сопствен и интересен начин преку дигиталниот маркетинг и принтаниот водич ќе ги информираме туристите за најатрактивните локации кои би можеле да се посетат,  изјави Г-ѓа Снежана Стефановска, проектен координатор на проектот.

 

- Advertisement -

Г-дин Нико Славниќ, консултант на овој проект и Директор на туристичкиот водич In Your Pocket, кој покрива 250 дестинации во 33 земји во оваа прилика истакна: „Само со меѓународна соработка може да се подигне препознатливоста на помалку познати туристички дестинации, како што е Северна Македонија. Работилниците ги водат одлични предавачи од САД, Словенија и Македонија, со богато меѓународно искуство во областа на туризмот и маркетингот. Ова е одлична шанса туристичките работници во земјатата да учат од најдобрите“, изјави Славниќ.

Сподели!
- Advertisement -