Изгледа дека вселенската трка добива се повеќе конкуренти. Покрај славните милијардери Илон Маск, Џеф Безос и Ричард Бренсон, сега Porsche инвестира во германскиот стартап за производство ан ракети Isar Aerospace во обид да добие пристап до пазарот за вселенски технологии, пишива Financial Times.
Дури и ако Porsche не е дораснат за предизвикот, може да ја искористи напредната вселенска технологија во автомобилската индустрија и да добие предност од другите. Производителот на автомобили заедно со група други инвеститори како HV Capital и Lombard Odier инвестираше 75 милиони долари во стартапот.Иако станува збор за мала компанија, сака да се натпреварува со Џеф Безос и Илон Маск така што ќе понуди поевтин начин на лансирање сателити во ниската земјина орбита, а годинава почнаа да ја градат својата ракета Spectrum, која користи 3Д печатење и автоматизација за да ги намали трошоците за производство.
Spectrum е двостепен систем дизајниран за потимизирано ландирање на сателитски констелации. Може да подигне до 1.000 кг и може да го однесе товарот до крајната орбитална траекторија. Иако ова е амбициозен проект, потенцијалот да им конкурира на SpaceX и Blue Origin дигна прашина.
За само три години оод основањето Isar има собрано инвестиции од само 180 милиони долари, што не е многу кога станува збор за вселенските системи за патување. Компанијата исто така досега нема лансирано сателити во вселената.
Во мај годинава Isar стана првата европска компанија која склучи договор со Европската вселенска агенција и доби 13 милиони долари од германската влада за да однесе два сателити во ниската орбита на Земјата. Исто така, компанијата планира во иднина да дизајнира реупотребливи ракети и да му конкурира на системот Falcon 9 на Илон Маск. Ќе дознаеме што точно има да понуди Spectrum после првото лансирање во 2022 година.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)