Стопанска банка а.д. Битола и во првата половина од 2021 година го продолжи позитивниот тренд

- Advertisement -

Стопанска банка а.д. Битола и во првата половина од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. И покрај големите предизвици наметнати од пандемијата на вирусот ковид-19, со кои Банката се справува повеќе од една година, фокусот и понатаму останува на остварување на клучните стратешки цели дефинирани во деловната политика, во развојниот и финансискиот план на Банката.

  1. Финансиски перформанси на Банката

Од аспект на оперативното работење, фокусот беше ставен на наплата на нефункционалните и претходно отпишани побарувања, што заедно со редовните приходи од работењето придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 30.6.2021 година, односно нето-добивка во износ од 401,79 милиони денари, што е значителен пораст на добивката за 666,47 % споредено со истиот период од минатата година.

- Advertisement -

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2021 – 30.6.2021 година изнесуваат 145,71 милиони денари, што претставува 82,43 % остварување на планот за вториот квартал од 2021 година. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, повеќекратното намалување на основната каматна стапка на НБРСМ и поради останатите мерки што се преземаа во врска со настанатата ситуација со вирусот ковид-19, приходите од камати се пониски за 4,02 % споредено со периодот 1.1.2020 – 30.6.2020 година. Со цел да се неутрализира ваквиот ефект, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати, кои забележаа подинамично намалување од 15,23 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 12,12 % односно 7,78 милиони денари споредено со претходната година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентиран годишен раст од 12,69 милиони денари споредено со остварените приходи од провизии и надоместоци во периодот 1.1.2020 – 30.6.2020 година, додека расходите пораснаа за 4,91 милиони денари. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за вториот квартал од 2021 година за 17,12 %.

- Advertisement -

Нето-приходите од курсни разлики не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ. Останатите приходи од дејноста се повисоки за 19,88 %, што е главно резултат на ослободувањето резервации за потенцијални обврски во тековната година, што не е случај и во претходната година. Планот за вториот квартал од тековната година во оваа позиција е реализиран со 92,79 %.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 349,04 милиони денари, што се должи на поголемиот износ на ослободената исправка на вредност од наплата на претходно отпишано побарување. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е позитивна и изнесува 2,47 милиони денари, што е одраз на доброто управување со преземениот имот и негова продажба во согласност со поставените плански цели.

- Advertisement -

Трошоците за вработените бележат намалување од 2,93 % споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,37 %. Останатите расходи од дејноста не бележат позначајни годишни промени во апсолутен износ. Амортизацијата е зголемена за 13,80 % на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 80,90 %.

  1. Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во периодот 1.1.2021 – 30.6.2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

  1. Дивиденди

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2020 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собранието на акционери одржана на 26.5.2021 година, Банката не исплати дивиденда за 2020 година.

  1. Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата бележат зголемување од 141,95 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2020 година како резултат на стекнат недвижен имот во градба по основ на наплата на претходно отпишано побарување.

  1. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити се зголемени за 25,83 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2020 година.

  1. Очекувања за претстојниот период

Во периодот што следува Банката очекува стабилно макроекономско опкружување и умерено забрзување на економскиот раст. Во согласност со деловната политика, со развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал, понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилено преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционални кредити, подобрување

на квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Интензивно ќе се работи и на понатамошна

дигитализација на одредени процеси и активности во Банката со цел приспособување на понудата на производи и услуги на профилот на современиот клиент. Воедно Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за понатамошно профитабилно работење.

Сподели!
- Advertisement -