Oвaa среда се лансираше новата функционалност на македонската мобилна апликација Challenger – од сега ги наградува и корисниците кои активно возат велосипед.
Со Challenger, секој поминат зелен километар носи поени, кои потоа корисниците ги заменуваат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри поминати пеш или пак на велосипед, толку повеќе Challenger поени кои носат попусти и награди.
Се што треба да направи корисникот е да ја интегрираа Challenger со познатата апликација STRAVA за да ги наградуваме километрите поминати на велосипед. При секое возење на велосипедот потребно е корисникот да ја вклучи STRAVA за да почне истата да ги мери километрите.
До сега броиме 6.000 корисници и 40+ бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни. Нашата цел се исполнува преку две димензии, односно го поттикнуваме приватниот сектор да ја вметне зелената агенда во нивниот бизнис модел, а од друга страна градиме заедница на т.н.Чаленџери кои живеат одржливо” – изјавуаат од тимот.
Оваа апликација во изминатиот период доби многу признанија, а воедно е партнер на тековната кампања IT4Charity
Приклучи се и ти во борбата за почист воздух и симни ја Challenger на твојот мобилен телефон. Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS. Време е да ја вклучиме човечката моќ (Human Power ON) и да делуваме на климатските промени.