Со пари од буџетот на одмор ќе заминат семејства со ниски примања

- Advertisement -

Семејствата кои немаат приход повисок од 30.000 денари ќе можат да заминат на одмор преку Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, која Владата ја надополни со 22,9 милиони денари, со одлука на последната седница. Вкупниот износ на средствата од дел I на оваа програма наместо 15 милиони, ќе изнесува 37,9 милиони денари.

Со предвидената мерка, информираат од Владата, ќе им се овозможи на лицата кои нивните месечни приходи во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, да искористат годишен одмор во туристичките центри на Република Северна Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри за зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.

- Advertisement -

На 93-та седница на Владата, донесени се одлуки за трите јавни повици, дел од мерките од шестиот економски пакет, објавени од Генералниот секретаријат, а со кои се одобрува исплата на еднократна финансиска помош за лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за свадби и за ноќни клубови, кои поднесоа барања за финансиска поддршка и притоа бележеа загуби како последица на пандемијата предизвикана од корона вирусот Ковид-19.

Вкупно ќе бидат помогнати 382 правни субјекти од овие категории, а висината на поддршката изнесува речиси 111 милиони денари или 1,8 милиони евра кои во наредните денови ќе им бидат исплатени на компаниите.

- Advertisement -

Со оваа одлука се одобруваат средства во вкупен износ од 50,8 милиони денари на 258 лиценцирани туристички агенции, од кои 163 туристички агенции со лиценца А и 95 туристички агенции со лиценца Б. Износот на средства кој е доделен е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на лиценцата и изнесува од 60.000 до 300.000 денари за правен субјект.

(Meta.mk)

- Advertisement -

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -