Европската Комисија го зголеми буџетот за реализација на проекти преку Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизнизи“, микро и малите фирми имаат на располагање над 13,5 милиони евра
Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите заинтересирани за аплицирање за Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ дека Европската Комисија одобри зголемување на првично предвидените средства за оваа мерка. Ова значи дека од привично предвидените 9,6 милиони евра сега на располагање на потенцијалните апликанти за реализација на проекти преку мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се ставаат на располагање над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.
Овие средства се наменети за реализација на проекти во повеќе сектори
- Алтернативно земјоделско производство
- Производство на прехранбени производи и пијалоци
- Колачи, тестенини и пекарски производи
- Чај и билни екстракти
- Зачини и билки
- Слатководна риба, ракови и мекотели
- Производство на не-прехранбени производи
- Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
- Развој на услуги за руралното население
- Промоција на руралниот туризам
Сите информации за повикот, како и целокупната потребна документација може да се најдат на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk
Со помош на средствата од ИПАРД 2 програмата, физичките и правните лица имаат можност да ги модернизираат постојните или да отвораат нови микро и мали претпријатија кои ќе помогнат домашните земјоделски производи да добијат додадена вредност. Преку оваа мерка има можност и да се развива руралниот туризам, како и да се прави негова промоција.
Преку оваа мерка се создаваат услови да се развиваат руралните подрачја, a граѓаните добиваат можност да ги развиваат и руралните средини како и да отвораат нови работни места. Претпријата кои веќе имаат реализирано инвестиции и проекти преку Мерката 7, „Диверзификација на фарми и развој на мали бизнизи“ го зголемиле производството, ги модернизирале капацитетите а со новите повици планираат да воведат нови инвестиции за да ја прошират лепезата на производи.