Pinterest ги забранува сите реклами поврзани со губењето на тежина

- Advertisement -

Социјалната платформа за споделување слики Pinterest соопшти дека ќе ги отстрани и забрани сите реклами поврзани со губењето на телесна тежина. Претходно, компанијата ги имаше забрането рекламите кои промовираат пилули за губење тежина, липосукција, процедури за согорување на масти и содржини за засрамување според тело.

Покрај забраната на реклами поврзани со губењето на тежина, платформата ги забранува и сите содржини кои промовираат слики или јазик повзран со губењето на тежина, вклучувајќи ги и оние кои реферираат кон Индексот на телесна маса (Body Mass Index) и слични теми.

- Advertisement -

Корисниците исто така нема да смеат да ги споделуваат своите приказни и искуства поврзани со губењето на телесна тежина, вклучувајќи и слики кои критикуваат или пак идеализираат одредени типови на тела.

И покрај новите ограничувања, огласувачите сепак ќе можат да промовираат производи и услуги поврзани со фитнест и здрави животни навики, меѓутоа губењето на тежина не смее да биде фокусот на таквите содржини.

- Advertisement -

Компанијата исто така посочи дека ќе се потруди да акцентира содржини кои се однесуваат на „телесната позитивност“, „телесната неутралност“ и „телесното прифаќање“.

Иако Pinterest е првата голема социјална мрежа која ги забранува сите реклами поврзани со губењето на тежина, поедини чекори во таа насока се превземени и од други платформи како Facebook и Instagram.

- Advertisement -

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -