Шумите во Амазон сега испуштаат повеќе СО2 отколку што чистат од воздухот

- Advertisement -

Неодамнешна студија објавена во списанието Nature покажа дека дождовните шуми на Амазон сега емитуваат повеќе CO2 отколку што апсорбираат. По прв пат научниците потврдија дека и покрај тоа што тие шуми се едни од најголемите прочистувачи на јаглерод диоксидот од воздухот, сега се претворија во вистински загадувач поради се почестото сечење.

Според студијата, речиси 1 милијарда тони јаглерод диоксид годишно се испушта од дождовните шуми. Студијата ги потенцираше пожарите како една од главните причини за тоа загадување. Најголем дел од пожарите намерно беа почнати со цел да се ичисти теренот за одгледување говеда иили соја. Бидејќи Бразил е најголем производител на соја во светот, активистите за заштита на природата повикуваат на глобални мерки за зачувување на статусот на Амазон.

- Advertisement -

Истражувачите користеле мали авиони за да ги измерат нивоата на CO2 над Амазон на висина до 4.500 метри. Студијата почнала во 2010 година и се одвивала до 2018 година. Претходните студии на таа тема биле вршени преку стаелитски снимки, па затоа не се толку прецизни.

Истражувањето го предводела Лусијана Гати од Националниот институт за вселенски истражувања во Бразил. Гати вели дека обесшумувањето ги претвора шумите во загадувач на воздухот. Дури и во региони каде што нема шумски пожари, истражувачите откриле дека емисијата на јаглерод диоксид е повисока отколку апсорпцијата на овој токсичен гас.

- Advertisement -

„Првата лоша вест е дека согорувањето на шумите произведува 3 пати повеќе CO2 откоолку што може да апсорбира шумата. Втората лоша вест е тоа што на местата каде што има 30% или повеќе сечење на шумите емисијата на јаглерод диоксид е 10 пати повисока отколку на местата каде што обесшумувањето е 20% или помалку” вели Гати.

Студијата открила дека само годинава шумските пожари произвеле 1,5 милијарди тони CO2, додека пошумувањето помага да се отстранат само 0.5 милијарди тони CO2 годишно. Таа 1 милијарда тони јаглерод диоксид е еднаква на годишната емисија на СО2 на Јапонија, која е петтиот најголем загадувач во светот.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -