Обединетите нации создадоа нова глобална коалиција за климатски промени

- Advertisement -

Планетата Земја има рок од 30 години за ефикасно да се справи со климатските промени, тврди Светската метеоролошка организација. Генералниот секретар на организацијата повика да се даде поголема итност на спроведувањето на заложбите од Парискиот климатски договор на лансирањето на новата глобална коалиција за климатски промени, која е заедничка иницијатива на Светската здравствена организација, Програмата за животна средина на Обединетите нации и Светската метеоролошка организација.

Секоја година во светот умираат 12,6 милиони луѓе како последица на ефектите на климатските промени, особено на загадувањето на воздухот. Просечните температури во 2017 година беа за 1,1 степен Цезлиусов над прединдустриските нивоа, според Обединетите нации, додека глобалната концентрација на хаглерод диоксид беше поголема од 400 честички на милион (ppm). Од Светската метеоролошка организација изјавија дека климатските промени влијаат на земјите во развој и дека цената која ја платиле земјите за климатските промени во 2017 година достигнала нов рекорд.

- Advertisement -

Трите организации на Обединетите нации веќе работат заедно, но новата коалиција ќе ги засили нивните активности во зачувување на здравјето на луѓето, пишува Inhabitat. Загадувањето на воздухот е еден од најголемите предизвици. Околу 7 милиони луѓе секоја година прерано умираат од болести поврзани со тоа загадување како што се респираторни заболувања, рак, срцеви болести или удари.

Според Обединетите нации, во многу од најголемите градови во светот загадувањето на воздухот е поголемо од дозволените стандарди за квалитет на воздух на Светската здравствена организација. Оттаму велат дека намалувањето на т.н. загадувачи со краток живот кои се добиваат од земјоделството, сообраќајот, индустријата или печките за готвење, на пример, може да го намали глобалното затоплување за 0,5 степени Целзиусови до 2050 година. Една од првите мерки на коалицијата е Глобалната конференција за загадување на воздух и здравјето која ќе се одржи кон крајот на годинава во седиштето на Светската здравствена организација во Женева.

Сподели!
- Advertisement -