Познато колку поскапуваат вакцините на Pfizer и Modernа

- Advertisement -

Фармацевтските компании Pfizer и Moderna ги зголемија цените на своите вакцини против КОВИД-19 во најновите договори за набавка за земјите на Европската унија, објави вчера Financial Times.

Новата цена за вакцината на Pfizer сега е 19,50 евра во однос на 15,50 евра, колку што изнесуваше претходно, објави весникот повикувајќи се на деловните договори кои ги добиле на увид.

- Advertisement -

Новата цена на вакцината на Modernа сега е 21,50 евра, а во рамките на првичниот договор беше околу 19 евра, но тоа е помалку од претходно договорените 24 евра затоа што нарачкaта на вакцините количински пораснала, се вели во извештајот во кој се цитира извор запoзнаен со потпишувањето на договорот.

Европската комисија соопшти дека Европската унија е на пат да ја достигне целта и целосно да вакцинира најмалку 70% од возрасната популација до крајот на летото. Во мај ЕУ извести дека до крајот на септември ќе добијат над 1 милијарда дози вакцини од четворица производители на лекови.

- Advertisement -

Од Pfizer и од Modernа засега нема коментар.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -