Првата медиумска куќа во светот воведе задолжителна вакцинација

- Advertisement -

Американскиот весник Washington Post ќе бара доказ од вработените дека се вакцинирани против корона вирусот. Потврдите ќе бидат потребни од 13 септември натаму, кога е планирано новинарите да се вратат во редакцијата.

Сопственикот на весникот е милијардерот Џеф Безос, а има повеќе од 1.000 вработени. Во првата фаза од враќањето во канцеларија во редакцијата во септември вработените ќе доаѓаат на работа трипати неделно.

- Advertisement -

Компаниите во САД бараат начини после 18 месеци работа од дома да ги вратат вработените во канцеларија. Сепак, тој план може да биде одложен поради појавата на позаразниот делта сој на вирусот.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -