Откако Трамп ја спречи доминацијата на мобилниот пазар на Huawei, кинеската компанија се сврте на други технологии и пазари како пазарот за автомобили. Ноедамна најавија соработка со уште една кинеска компанија, производителот на автомобили GAC Group, со која ќе развиваат паметен автомобил теренец, кој на пазарот треба да се појави за две години.
Во склад со трендовите на пазарот, автомобилите ќе имаат електричен мотор, а неговиот главен адут ќе биде автономијата. Иако не се споменува целосно автономен автомобил, тоа возило треба да има четврто ниво на автономија благодарение на кое компјутерот речиси целосно без потреба од инпут од страна на возачите ќе управува со возилото.
Освен автономија во возењето, од двете компании најавиле дека возилото ќе има и некои нови и возбудливи енергетски можности, но не објаснија за што станува збор. Некои детали за самиот автомобил не се познати како што е моќноста на моторот, капацитетот на батериите, а она што е познато е дека развојот и производството на класичните автомобилски делови ќе се прави во GAC Group, додека Huawei ќе биде задолжен за сета технологија и комуникациските можности на возилото. Плановите на компаниите не вклучуваат само само возило теренец, туку осум модели и повеќе серии на електрични автомобили.
Исто така, GAC и Huawei пред два месеци најавија соработка уште една кинеска компанија – Didi, за споделување ресурси, податоци и научни истражувања за автономните автомобили. Тогаш најавија и развој на автономни автомобили со автономија од четврти степен, чие масовно производство се очекува во 2024 година.
(ZDNet)
(фото: Wikimedia)