Од јануари 2021 година вселенскиот интернет на Илон Маск ќе биде достапен за повеќе луѓе

- Advertisement -

Освен ако живеете во северозападниот дел на САД, веројатно им завидувате на сите кои изминатите неколку месеци имаа прилика да го испробаат првиот вселенски интернет Starlink на иноваторот Илон Маск.

За среќа, имаме добри вести затоа што SpaceX планира да го прошири бета-тестирањето на широкопојасниот интернет на почетокот на идната година. Најавата беше направена за време на Reddit AMA, каде што инженерите на не прецизираа точно на кои области ќе се прошири покриеноста со вселенски интернет, но најавија дека ќе се прошири во САД наскоро.

- Advertisement -

Покриеноста моментално е лимитирана на одредени корисници во северозападниот дел на САД и делови од јужна Канада, но од компанијата велат дека мрежата ќе расте како што повеќе сателити ќе се испраќаат во орбитата. Моментално има околу 800 сателити во орбитата, што е само мал дел од планираните 40.000, кои ќе формираат една мрежа која ќе може целиот свет да го снабдува со интернет со брзина до 100Mbps.

Како што пренесува Business Insider, компанијата веќе ги откри плановите за обезбедување на семејствата кои живеат во рурален округ во Тексас со бесплатен Starlink широкопојасен интернет во 2021 година, па веројатно разумно е да се претпостави дека бета тестирањето ќе биде проширено во делови од југот на САД. Инженерите додадоа и дека се надеваат оти до крајот на идната година вселенскиот интернет на Илон Маск ќе биде достапен глобално.

- Advertisement -

The Starlink beta network costs $99 a month, with satellite dish and router required to access the system costing an additional $499.

Како што објаснија, тоа нема да биде како обичниот сателитски интернет каде што се е пренатрупано. Како што лансираат сателити, со тек на време мрежата ќе станува подобра, а не полоша.

- Advertisement -

(Unilad Tech)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -