Издадена нова емисија обврзници за денационализација во износ од осум милиони евра

- Advertisement -

Државата денеска ја емитуваше дваесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од осум милиони евра. Со неа ќе се обесштетат граѓаните кои имаат правосилни решенија за денационализација од 1 јануари до 31 декември 2020 година, каде што е утврдено надомест да се врши преку обврзници.

– Средствата што се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2 проценти, информира Министерството за финансии.

- Advertisement -

Во соопштението од ресорното Министерство се наведува дека државата може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што ги утврдува Владата.

Тргувањето со обврзниците ќе се врши на Македонската берза, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Берзата.

- Advertisement -

Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за отплата на станови во општествена сопственост.

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -