Кога и да открие странски јазик во објава, „Instagram“ ќе му ја покаже на корисникот оваа нова опција.
„Instagram“ има можност автоматски да преведува текст во објави и описи од 2016-та година, а сега доби уште една слична опција.
На корисниците на популарната апликација сега им се нуди можност за автоматско преведување на текст што е дел од „Instagram Stories“.
Така, кога и да открие странски јазик во објава, „Instagram“ ќе му ја покаже на корисникот опцијата „Види превод“ во горниот лев агол на екранот. Кога ќе се активираат опцијата, преводот на печатениот текст ќе се прикаже на дното на екранот.
Новата опција ќе биде достапна ширум светот, а во моментов поддржува повеќе од 90 јазици. Аудио преводот не е достапен во овој момент, но оваа опција се очекува да биде воведена.