Швајцарски стартап ќе гради ултрабрза подземна железница под Алпите

- Advertisement -

Швајцарски стартап ги откри своите планови за градење на hyperloop систем кој ќе може да ги превезува патниците со брзина до околу 1.200 км/ч под Алпите. Компанијата Swisspod од Мони ветува hyperloop систем способен за транспорт на патници и товар од Женева до Цирих за само 17 минути или од Њујорк до Вашингтон за само 30 минути.

Тоа е 1/9 од времетраењето на патувањето по таа релација во Швајцарија или 1/7 од времтраењето на патувањето на релацијата во САД. Исто така, системот ќе емитува незначителен процент од моменталната емисија на јаглерод диоксид.

- Advertisement -

Swisspod планира да го заврши својот hyperloop за 4-5 години, вели извршниот директор и соосновач на компанијата, Денис Тудор и додава дека за 9 месеци отсега ќе направат мини тестови. Тудор претходно изјави дека капсулите на неговата компанија ќе патуваат со брзина од 1.000 до 1.200 км/ч.

Досега немаат откриено колку ќе чини изведбата на овој амбициозен проект, но ако се реализира, патничките капсули ќе можат автоматски да ја намалуваат брзината во кривина, па возењето ќе биде без никакви турбуленции, велат од компанијата.

- Advertisement -

За да се намалат трошоците енергијата потребна за движење на капсулите нема да доаѓа од самите пруги, како кај Маглев возот, туку ќе ја носат самите капсули. Тие ќе бидат опремени со мотори со линеарна индукција, но потребен е дополнителен развој за да се намали потрошувачката на енергија на капсулите. Целта е да се достигне потрошувачка од 10–50 Wh/km по патник, во споредба со 97–100 Wh/km кај електричните автомобили и 515–600 Wh/km кај авионите.

(Daily Mail)

- Advertisement -

(фото: Swisspod)

Сподели!
- Advertisement -