Бојан Марковиќ од бакар создава уникатни ламби, држачи за вино и свеќници со уметничка вредност!

- Advertisement -

Ова интервју зборува за дизајнот денес, кој го менува светот. Зборува и за еден дипломиран економист кој работи во банкарскиот сектор, но во своето слободно време создава уникатни бакарни елементи за ентериери.

Кога ќе ги погледнете неговите дизајнирани предмети, ако разбирате естетика, ќе знаете дека тој умее да го внесе човечкото доживување и да го вметне општествениот контекст кој има жед за современа култура. 

Мојот соговорник умее со форми, создава визии и ригорозно размислува за развој, инвестиции и одржливост во овој интересен проект. 

- Advertisement -

Кога ќе го погледнете неговиот Инстаграм бизнис профил ќе ја видите и убавината на еден бизнис. Буквално… Тој создава бренд, познава e-commerce, гради идентитет и продава вредност која му дава естетска вредност на секој физички простор.

Ако јас се прашувам, секој бизнис треба да се занимава со убавина – во конкретна или преносна смисла…Еден ден и оние кои не веруваат во ова што го пишувам, дека секој бизнис треба да се занимава со убавина, ќе откријат дека дури и опкружувањето со убавина во бизнисот е колективна човечка потреба.  

- Advertisement -

Бојан Марковиќ од Скопје има 34 години и е основач на 1325 КРАФТ, човек кој надвор од светот на бројки и финансиски биланси со кои е опкружен професионално, созадава еден сосем поинаков свет на светлечки тела, држачи за весници, вина, свеќници…и други инспирирачки предмети кои во просторот и времето создаваат поетско доживување кое го прави поубав физичкиот простор во кој егзистираме. 

Новинарка – Љубица Ангелкова

- Advertisement -

Како се роди идејата за 1325 КРАФТ?

Веројатно, тоа беше желба да претставам дел од себеси на другите. Можноста да нацртате насмевка на нечие лице, просторот  да инспирира и да бидете позитивна промена во опкружувањето. 

Кои дизајнерски парчиња ги создаваш?

Ние сме работилница која се занимава со дизајн, развој и производство на уникатни бакарни и други ентериер елементи, како столни и подни лампи, држачи за вино, свеќници, штендери за облека, бетонски сијалици и сѐ она што сметаме дека ќе придонесе за една попријатна атмосфера во просторот каде ќе бидат поставени.

Дали имаш претходно дефинирани дизајни по кои работиш или ги создаваш во процесот на изработка?

Сѐ се сведува на комбинација од нашите желби да создадеме нешто импресивно, корисно преку флексибилноста на бакарната цевка. Подготовката вклучува голем број на цртежи додека се дојде до една конечна реализација.  

Кои се клиенти на 1325 КРАФТ?

Оние кои трагаат по уникатност, по елеганција. Она што навистина ме радува е тоа што забележителен процент од нарачките се наменети за подароци, што значи дека луѓето многу внимателно селектираат, несебично издвојуваат од своето време и инвестираат во среќата на своите најблиски. 

Каде можат да се видат и набават дизајните на 1325 КРАФТ?

Моментално најголемиот дел од продажбите ги работиме online, преку директна комуникација со нашите потенцијални клиенти. Некогаш се потребни и одредени корекции на производите, или изработка на сосем нови како би стасале до она кое е за нас најбитно на крајот – да инспирираме среќа.

Исто така дел од она кое ние сме го креирале, сами или во соработка со нашите партнери,  може да се најде и во дизајн студио Преплет и Think  во Дебар маало во Скопје или на онлине страните Urma.mk i Grouper.

Имате производи на лагер или работите по нарачка?

Сите производи се работат со огромна љубов и внимание. Самиот процес на рачна изработка одзема време онолку колку што му е потребно, па оттука и заклучокот дека итекако е добредојдена залихата во перид кога нарачките ќе згуснат.

Кои техники на промоција и маркетинг алатки ги користите?

Пред сѐ се потпираме на квалитетен пристап на социјалните медиуми. Она што е за нас уште поинтересно се поп ап презентациите кои ги имаме во локали, учествуваме на културни настани, презентираме на изложби, базари, а праќаме и примероци на различни локации, со цел да ги презентиравме нашите дизајни на непосреден и ефикасен начин.

Дали производите на 1325 КРАФТ се достапни само локален или и глобалниот пазар?

Особена топлина предизвикува секој продаден производ  на локалниот пазар. Во услови какви што се, тоа е убава потврда дека некој го одобрил токму нашиот труд преточен во дизајн кој дава вредност на секој простор. 1325 КРАФТ го има во домови и простори на клиенти кои не ги познавам, притоа убаво е чувството да знаете дека ваш дизајн создаден од моите раце се купени со цел да го разубават секојдневието на луѓето и тоа чувство е бесценето. 

Но, предизвиците се тие кои не тераат да растеме, па полека се насочуваме на глобалниот пазар, каде целокупната игра и стратегија е различна.

Зошто, според тебе, треба да се купуваат дизајнирани предмети?

Рачната изработка е комплимент за било кој производ. Целокупниот пристап, сета љубов инвестирана во секој милиметар од бакарот, внатрешниот мир и пријатната мисла која ја негуваме додека ја превиткуваме секоја цевка, без право на грешка, ги прави овие дизајни толку уникатни. Секој од нив си има и сопствена приказна. 

Како да го промениме мислењето дека дизајнираните предмети се скапи?

Едноставно, деталите кои не опкружуваат се огледало на самите нас. Она кон кое постојано треба да се стремиме е она кое не прави среќни и не инспирира да го имаме во своја близина. Колку и да чини, тоа вреди. За некого е тоа скап автомобил, за некого добра книга или можеби дизајн од нашата програма.

На кој дизајн сега работиш, што ново да очекуваме… 

Постојано се работи на дизајни кои ќе направат разлика и ќе ги направат среќни  купувачите, како би уживале во своето опкуржување уште повеќе. Мотивацијата е на највисокото ниво, креативноста нахранета, плановите испишани, следете не и споделете не како ви биле во тек со сите наши новитети.

Инстаграм профил – https://www.instagram.com/1325kraft/?utm_medium=copy_link

Фајсбук профил- https://www.facebook.com/kraft1325/

Processed with Lensa with Magic Correction & PT1 filter
Сподели!
- Advertisement -