Ричард Бренсон почна да продава билети за летови во вселената

- Advertisement -

Комапнијата за вселенски туристички летови Virgin Galactic во сопственост на Ричард Бренсон соопштија дека ги пуштаат во продажба билетите за вселенски летови по цена од 450.000 долари по седиште, и тоа неколку недели откако Бренсон одлета на работ на вселената.

Таа компанија меѓу 2004 и 2014 година веќе продаде окоу 600 билети, но тогашната цена беше од 200.000 и 250.000 долари. Virgin Galactic на заинтересираните им нуди три опции – купување на едно место, пакет со повеќе седишта, на пример за парови или група пријатели, како и можност за закупување на цело летало.

- Advertisement -

Следниот вселенски лет на Virgin Galactic е закажан за крајот на септември годинава. Станува збор за истражувачки лет со италијанско воено воздухопловство, а се полетува од Ново Мексико.

Бренсон на 12 јули полета до работ на вселената во големото летало Virgin Galactic SpaceShip Two со вселенскиот ракетен авион VSS Unity. На некои 15 км висина бродот се одвои од авионот и почна суперсонично искачување се до 80 км висина, што е висината која САД ја утврдија како граница на вселената.

- Advertisement -

Патниците тогаш можеа да ги откопчаат заштитните појаси, да доживеат неколку минути бестежинска состојба и да се одушевуваат од забленоста на Земјата набљудувајќи ја низ 12-те прозорци на кабината. VSS Unity потоа се спушти на Земјата на писта во базата Spaceport America во американската сојузна држава Ново Мексико.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -