SpaceX ја состави најголемата ракета во светот за патување во вселената

- Advertisement -

Американската компанија SpaceX ја систави најголемата ракета во светот, јави BBC. Поради висината од околу 120 метри сите претходни ракетни системи изгледаат како џуџиња в споредба со неа.

Двата сегменти на ракетата, горниот Starship и долниот погонски Super Heavy беа споено во фабриката на SpaceX во Бока Чика во Тексас. Кога конечно ќе полета, ќе произведат доволно голем потисок од ракета која однесе луѓе на Месечината.

- Advertisement -

За спојување на двата дела била потребна масивна дигалка. Деловите беа задржани во таа позиција еден час, а потоа беа раздвоени. SpaceX има уште неколку недели, односно месеци тестирање пред првиот лет, кој може да се случи до крајот на 2021 година.

Илон Маск го нарече спојувањето на ракетите сон ој стана реалност. Тој вели дека кога ќе биде довршена, Starship ќе биде способна да ги однесе луѓето на Месечината и на Марс. Исто така, би можел брзо да превезува луѓе околу светот, а уште една очигледна намена е поставување на сателити во орбитата.

- Advertisement -

Моментално најмоќна ракета во употреба е Falcon Heavy, која исто така ја направи SpaceX. Falcon Heavy при лансирањето произведува потисок од 23 мегањутни, а новата ракета Super Heavy треба да достигне околу 70 мегаљутни.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -