Фестивалот When in Krusevо, кој викендов по петти пат се одржа во Крушево, повторно понуди богата рекреативна и забавна програма, што придонесе градот да биде преполн со посетители од целата држава кои уживаа во чистиот воздух, ѕвездените ноќи, свежите утра и многу авантури за време престојот во Крушево. И годинава спонзор на When in Krusevо беше Халкбанк АД Скопје која е силен промотор и поддржувач на активности кои придонесуваат за негување здрави животни навики и заштита на природата.
Фестивалот на отворено кој се одржуваше насекаде низ Крушево и неговата околина вклучуваше бројни активности на отворено како, планинарење, трчање, велосипедизам, адреналински параглајдинг погледи, кајак и SUV, незаборавни јавања на коњи низ крушевската природа, забавни и други настани.
When in Krusevo беше збогатен и со многубројни концерти на отворено и размена на многу позитивна енергија. Halkbank во рамките на поддршката на фестивалот донираше и 10 корпи за селекција на отпадоци кои беа поставени околу Крушевското езеро и кои, не само што придонесаа по многубројните настани околината да остане почиста, туку и во иднина ќе придонесуваат за преубавото Крушево да биде без отпадоци.