Нови модели на Hisense инвертер клима-уреди: Врвна технологија по одлични цени

- Advertisement -

Компанијата Hisense, произведувач на електроника и бела техника од Кина веќе долго време успешно на пазарот ги оправдува своите цени со одличен квалитет и иновативен пристап на проблемите со кои секојдневно се среќаваме.

Имајќи ги предвид потребите на своите сегашни и идни потрошувачи, Hisense неодамна претстави два потполно нови модели на климатизери –  Energy SE Hi-Nano и Fresh Master Hi-Nano. Двата модели се целосно приспособени на вашиот простор, потреби, проблеми и пред сè на вашиот паричник. Сепак, разумните цени што успешно ги постигнаа на пазарот во никој случај не го намалуваат нивниот целокупен квалитет.

- Advertisement -

Овие климатизери се дизајнирани да ви овозможат најдобро можно корисничко искуство што ќе ги надмине вашите очекувања, дури и кога вложувате значително помала сума на пари отколку што сте очекувале за овој квалитет. Со набавка на нови модели, Hisense ви гарантира долговечност, сигурност и иновација, покрај стандардниот добар квалитет.

 Energy SE Hi-Nano: Пристапен модел со одлични перформанси

- Advertisement -

Моделот под назив  Energy SE Hi-Nano популарната „дванаесетка“, е совршен пример на идеологија „одличен однос цена  и квалитет“. Доколку се одлучите за него, ќе добиете паметен клима-уред кој е повеќе од поволен, меѓутоа по цена најниска на пазарот од тој ранг на клима-уреди.

 Кога станува збор за заштеда на енергија, овој клима-уред припаѓа на енергетска класа А+++, FULL DC инвертер.

- Advertisement -

Една спецификација што сигурно нема да ја најдете кај повеќето други климатизери на пазарот на ова ниво е единствената Hisense Hi-NANO технологија. Оваа технологија генерира и ослободува ефикасни плазматски јони во волумен од 1 × 10⁶n / cm3, елиминирајќи вируси, бактерии, мувла, па дури и до 93,54% од честичките на новиот коронавирус (SARS-CoV-2) од воздухот.

Понатаму, овој клима-уред има и 3Д инвертер технологија заедно со внатрешен канал за воздух и напредни ребра, што ја поттикнува енергетската ефикасност и ја намалува потрошувачката на електрична енергија за дури 48%.

Кога сакате да ја достигнете идеалната температура дури и пред да се вратите дома или во канцеларија, можете да го контролирате овој клима-уред со вашиот мобилен телефон поврзан на Wi-Fi мрежа. Специјална апликација е достапна за телефони со Android и iOS.

Режимот што се издвојува кај овој клима-уред е еко режимот. Благодарение на Dual-mode инвертер технологијата, со неговото активирање автоматски овозможува заштеда на енергија до 30%, па дури и 70% во споредба со заштедата на стандардните климатизери.

Клима уредот поседува и грејач на надворешната единица кој овозможува истата да не замрзне во екстремни временски услови.

Во текот на топлите летни денови вашиот Hisense Energy SE Hi-Nano клима-уред во смарт режим ќе ја приспособи идеалната температура во просторијата со што ќе ви овозможи пријатен престој.

Fresh Master Hi-Nano: Прва класа во доменот на напредни клима-уреди.

Во широката палета на Hisense, Fresh Master Hi-Nano е најпродаван модел со врвни перформанси што ретко можат да се најдат на пазарот во еден уред, а особено не по толку разумна цена.

Значи, овој клима-уред спаѓа во енергетска класа А+++, СУПЕР DC инвертер, што би значело дека има најголема сезонска ефикасност при ладење и греење.

Покрај веќе очекуваната технологија за прочистување на воздухот HI-NANO, Fresh Master има и своевидна Refresh Air технологија. Овозможува вентилација и оксигенација во затворен простор, при што  обезбедува свеж воздух во просторијата за само три минути по вклучувањето на климатизерот. Количината на свеж воздух е 50m³/h, што значи дека целосно ќе ја наполни просторијата со свежина за само еден час.

Оваа „дванаесетка“ има и вештачка интелигенција (AI Smart), каде со активирање на само едно копче почнува да го следи воздухот, да ја контролира температурата, влажноста, насоката и јачината на издувните гасови.

Кога сакате да излегува  воздух кој ја загрева или  ја лади целата просторија, активирајте  Smart Airflow опцијата која обезбедува  подно и плафонско струење на воздухот.

Овој клима-уред штеди време кога станува збор за чистење со помош на функцијата за самочистење на испарувачот и кондензаторот, штетните материи, прашината, маслото и мувлата се отстрануваат од уредот и воздухот што тој го испушта.

Друга интересна и корисна карактеристика на овој првокласен уред е Smart Voice Control управување само со гласовна контрола.

Кога температурите се високи надвор и сакате брзо да ја разладите просторијата, тука е опцијата Super Cooling за брзо ладење.

Fresh Master, покрај специфичните спецификации само за овој модел, содржи и функции како што се Wi-Fi контрола, греење на -20, 360°DC инвертер технологија, еко режим, грејач на надворешна единица и многу повеќе.

Покрај удобноста и идеалната температура во домот, клима-уредите Hisense ќе ви овозможат и многу други опции за здрав живот, приспособени на вашите потреби, а истовремено приспособени на вашиот паричник.

Климатизерите Hisense Energy SE и Fresh Master се достапни на македонскиот пазар. Важно е да се потенцира дека со регистрација на веб страницата mk.hisense.com на сите клима-уреди купени до 31. јули 2021 година, добивате 5-годишна гаранција за компресорот.

Сподели!
- Advertisement -