Шведски стартап го направи првото млеко од компири во светот

- Advertisement -

Новиот шведски бренд за млечни производи Dug го направи првото растително млеко во светот кое е добиено од компири. Според стартапот, не само што може да направи пена исто како и вистинското животинско млеко, туку е многу поодржливо дури и во споредба со други млека на растителна база.

Dug е основан од страна на Veg of Lund, иноватор на храна кој проникна од истражувачкиот центар на професорката Ева Торнберг на Универзитетот Лунд. Наместо да користи соја, житарки или бадеми, Dug користи компири.

- Advertisement -

Како што велат од компанијата, нивното млеко од компири е првото веганско млеко во светот направено од компири. Формулата за млекото на стартапот содржи протеини од грашок, малтодекстрин, влакна од цикорија, масло од маслена репка и природни вкусови. Млекото има и додадени витамини како D, B12 и фолна киселина.

Во моментот Dug нуди три вкусови: Original, Barista, Unsweetened. Целата линија млеко не содржи лактоза, соја, глутен и јаткасти плодови, поради што се издвојува од другите видови веганско млеко на пазарот. Функционира како вистинското млеко и може да се користи за готвење, за печење и за правење пена за кафе.

- Advertisement -

Dug најпрвин ги пласираше производите на шведскиот пазар во мај годинава и само што влезе на британскиот пазар преку Amazon. Но, од Dug веруваат дека навистина се истакнуваат на пазарот со растителни млека по својата одржливост. Имено, млекото од компири има многу низок карбонски отпечаток, кој се проценува на 0,27 до 0,31 кг CO2. Исто така, за негово производство е потремно многу помалку земјиште – речиси половина од тоа што е потребно за млеко од јаткасти плодови. Што се однесува на потрошувачката на вода, Dug користи 56 пати помалку вода отколку млекото од бадеми.

(Green Queen)

Сподели!
- Advertisement -